Пронајдени гранати од Втората светска војна

Педесетина гранати кои потекнуваат од Втората светска војна пронајде утрово Дирекцијата за заштита и спасување покрај железничката пруга во близина на Хуљуси Комерц. Пиротехничари од Дирекцијата по пријава од вработени во Македонски железници  деновиве се на терен во потрага по старото оружје и муниција.

-Има пронајдено артилериски гранати од 75 мм- 27 парчиња, гранати од 40 мм -20 парчиња, минофрлачки мини има од 60 мм -3 парчиња, куршуми артилериски противавионски 8 мм пет парчиња. Овие се од Втора светска војна, најверојатно по кажувањето на мештаните, повозрасните граѓани,  дека се превртел некој вагон со муниција и најверојатно тоа што испукало, испукало, а ова што останало сега се наоѓа, изјави Гоце Илиќ, пиротехничар во Дирекција за заштита и спасување

И покрај тоа што гранатите потекнуваат од дамнешно време, сепак тие се во исправна состојба велат пиротехничарите.

-Иако гранатите се останати од одамна и изгледа дека не е опасно меѓутоа гранатите се во исправна состојба значи тие се херметички затворени , така што екплозивот нема век на уништување туку  си трае, и затоа ги тргаме на страна и ќе бидат истите уништени на Криволак, значи имаат дејство на експлозија. Во Македонија има доста гранати од минатото, претежно е загрозена јужната граница , таму се наоѓаат и по 400, 500 гранати, изјави Марјан Стефановски, пиротехничар во Дирекција за заштита и спасување

Околу 20 гранати покрај пругата беа пронајдени и пред десетина  дена. Сите парчиња ќе бидат складирани во магацин на Дирекцијата за заштита и спасување во Проевце, а уништувањето се врши на Криволак.

 

Коментари

коментар(и)