Пронајден починат мигрант во Лојане

Во верски објект во село Лојане пронајдено починато лице-мигрант, информира СВР Куманово. Случајот бил пријавен во полициското одделение Матејче.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41 година) од Република Конго, а по насока на Јавен обвинител телото е предадено за погреб.

Коментари

коментар(и)