Протестот во Режановце засега во мирување

Протестот во село Режановце овие денови е ставен во мирување,  бидејќи мештаните добиле ветување дека надлежните ќе го санираат мостот и ќе ја довршат канализационата мрежа. Ова беше нивното барање, а во спротивно најавуваа дека ќе продолжат со протести да ги запираат градежните работи, односно реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце, којашто е дел од проектот Железнички Коридор 9.

Претседателот на месната заедница на Режановце, Зоран Крстевски соопшти дека санацијата е во тек, но дека треба да постигнат уште договор за поправка на патот со фирма подизведувач, која го уништила со тешка механизација, откако започнала изградбата на новата пруга.

-Мостот половина е довршен ќе продолжи работата од понеделник ни ветија. Шахтата е при крај треба да се заврши до понеделник е последен ден. Договор само што немаме за асфалт доколку не пак ќе продолжиме со штрајк -наведе тој.

Крстевски додава дека жителите со сопствени средства ги изградиле мостот и патот, па затоа не дозволуваат некој да ги уништи и да си замине.

Мештаните на Режановце велат дека се радуваат што договор делумно е постигнат, но потенцираат дека планираат да продолжат со протестите се додека не се решат нивните проблеми.

Коментари

коментар(и)