(ВИДЕО) Проширен капацитетот за згрижување дечиња

Голем е интересот за згрижување деца во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово, информираат од оваа установа. Од неодамна согласно здравствениот протокол, надлежните дозволија проширување на капацитети во групите. Имено по измените капацитетот во групите од две до шест години е зголемен од 15 на 20 деца, а од 12 на максимум 15 деца е за групите до 2 години. По ова, во кумановската градинка можат да престојуваат 1.160 деца, наместо 796 како што беше претходната година. Засега можност да ги носат децата имаат самомохрани родители, и родители кои се двајца вработени. На листата на чекање за прием во градинка во моментов се 80 дечиња.

Оние кои веќе цела година плаќаат за место, меѓутоа бидејќи протоколите беа ограничувачки, бројот на децата во групите беше ограничен и тие плаќаа сега имаме можност на комисијата што ја одржавме на почетокот на јуни, тие деца повторно да се вратат во своите групи и доколку има простор некаде бидејќи е зголемен бројот на деца во групите да примиме нови деца согласно протоколите-истакна директорката на градинката „Ангел Шајче“ Куманово.

Училишните групи за децата до 10 годишна возраст при кумановската градинка засега не функционираат, поради големиот притисок на дечињата од предучилишна возраст.

-Кај нас нашата установа со години наназад има 5 училишни групи кои до започнување на пандемијата нормално функционираат. Но сега во овој период бидејќи имаме голем притисок на деца од предучилишна возраст и протоколите не дозволуваат повеќе и просторните капацитети не дозволуваат ние не сме во можност да примиме поголем број на деца и деца од училишна возраст. Минатата година со одлука на Влада има препорака до локалната самоуправа, да обезбедат дополнителни простории, преадаптација за потребите на градинката, да обезбедат стручен кадар и да дадат согласност за итни и неодложни работи во траење на самата пандемија. Но доколку се најдат услови и можности се надевам дека општината тоа ќе го направи-дополни Алексовска.

Проектираниот капацитет во нормални услови во кумановската градинка е 1.229.

Коментари

коментар(и)