Прскање против крлежи неделава

Kако мерка за заштита и спречување од ширење на заразни болести, во четврок и петок неделава ќе се врши третирање против крлежи на територијата на општина Куманово. Како што информираат надлежните од секторот за инспекциски надзор сите третирани површини ќе бидат обележани. Не се препорачува подолг престој на истите како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршениот третман, вели комуналниот редар од општина Куманово, Гордан Таневски.

-Тендерот го доби фирмата „Плант Медика“ и третманите ќе се вршат два пати годишно,напролет и наесен.Сепак, мора да потенцираме дека првичното најавено третирање против крлежите ќе се спроведе само ако тоа го дозволат временските услови,доколку не,тогаш ќе се одложи за што дополнително ќе бидат информирани граѓаните“-изјави  Гордан Таневски, Сектор за инспекциски надзор

За дератизација, дезинскеција и дезинфекција општината годинава ќе одвои 600.000 денари.

Коментари

коментар(и)