Пуштено во употреба детско катче и во населба „Карпош“

Во населбата „Карпош“, поточно во близина на основното училиште „Магдалена Антова“ вчера беше пуштено во употреба деветтото детско катче, проект на општинската организација на СДСМ Куманово.

На теренот се поставени детски реквизити, лулашки, клацкалки и клупи.  

Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски посочи дека викендов ќе се пуштат во употреба и катчињата во село Речица и населбата Долно Којнаре.

-На општо задоволство денеска сме заедно и со директорот на основното училиште Магдалена Антова, заменик директорот каде што го предаваме на користење и во функција на одржување на рекреација на најмладите од населбата Карпош се двоумевме дали едно дали две се надевам дека ако успееме до крајот на октомври можеби ќе има две игралишта во оваа населба бидејќи е недопходен што поголем број на вакви содржини во оваа голема населба. Запознаени сме дека единствено ова училиште и Христијан Карпош во населбат Перо Чичо се единствени кои што имаат суфицит на деца секоја година и тоа мора и да се одолжи-истакна тој.

Планирано е да се изградат уште четири детски игралишта, меѓу кои и во месноста Желеничка станица, Ново село, Клечовце. Средствата  за изградба на овие игралишта ги обезбедија членовите на СДСМ.

Коментари

коментар(и)