ПЦЕР Куманово го честита Денот на ромската азбука

Партијата за целосна еманципација на Ромите, општинска организација Куманово го честита Денот на ромската азбука на сите Роми во Куманово.

-Би сакал да напоменам дека во Куманово, каде што гравитираат повеќе од 5.000 Роми во основното образование се изучува ромскиот јазик и култура веќе петта година во сите основни училишта во градот. Тоа е позитивна работа од државата и локалната самоуправа и само така можеме јазикот и културата да ги негуваме и да го сочуваме-истакна Севџан Сулејмановски, потпретседател на ПЦЕР.

Коментари

коментар(и)