Пчелари даруваа мед за деца со посебни потреби

Членовите на пчеларското здружение Пчела даруваа мед на децата со посебни потреби, кои посетуваат настава во основото училиште Браќа Миладиновци. Оваа хуманитарна акција е по повод одбележување на Светскиот ден на пчеларството, 20-ти мај.

-Одамна не сме имале ваква акција но од сега планираме оваа манифестација да ни биде традицицонална.  Оваа година за разлика од претходните малку повеќе ветува но се уште не знаеме до крајот каква ќе биде, се надеваме на добар принос со што ќе можеме и да даруваме поголеми количини на мед-истакна Часлав Ристовски претседател на пчеларско друштво Пчела.

Од училиштето каде што настава следат 60-ина ученици со попреченост од прво до деветто одделние, се заблагодарија за донацијата.

-Не посетија од здружението, донираа количина на мед на нашите деца ние од името на наставниците и дечињата им благодариме што се сетиле за нас и драго ни е кога некој ќе се сети на нив, каква било донација за нив е добродојдена се издрадуваа запознаа некои и не знаеа за производот мед, сега имавме час за тоа се запознаа- посочи Романа Орозовиќ дефектолог, логопед.

Браќа Миладиновци е единственото училиште во Североисточниот регион кое има паралелки за ученици со посебни потреби.

Коментари

коментар(и)