Работилница за дефинирање на приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени за Општина Куманово

Консултативната работилница за дефинирање на приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени за Општина Куманово се одржа денеска во зградата на поранешен Комитет. Пред присутните се обратија професори и експерти, кои ги презентираа резултатите од проценката на климатските ризици и ранливости на општината за секторите: водни ресурси, шумарство, земјоделство, здравство и економски развој. Оваа работилница е дел од проектот ЕУ за енергетска транзиција, спроведуван од страна на  GIZ во Западен Балкан и  Централна агенција за управување со проекти (CPMA) од Турција. Како дел од овој проект е  потпишан и меморандум за соработка, според кој е формирана локална работна група за подготовка на Акционен План за одржлива енергија и клима.

Во рамките на процесот на изработка на Планот се изработија и анализите на климатските ризици, ранливоста и инвентарот на стекленички гасови на Општина Куманово. Во моментов се работи на идентификација на приоритетни мерки за климатска адаптација и ублажување/митигација, кои ќе бидат дополнително анализирани во процесот на финализација на Планот, информираат од општината.

Коментари

коментар(и)