Работилница за попис со новинарите

„Под итно треба да се одржи попис и тоа прашање да не се политизира и проблематизира“ ,  рече на денешната работилница со претставниците на локалните медиуми во кумановскиот регион, д-р Јасна Бачовска  -Недиќ, редовен професор на Правен факултет при УКИМ.

Активно и општествено одговорно новинарство  во процесот на попишување, пописот како состемска тема и истражувачко новинарство и новинарство што нуиди решенија се темите на кои што се разговараше на обуката со новинарите, која што ја органзира Македонската платформа против сиромаштијата. Професорката посочува дека високата  исполитизираност и меѓуетничката тензија, прават пописот наместо како статистичка акција, доминантно да се  перцепира како политичка акција. 

-Главниот резултат кој што се очекува од пописот е всушност да ни ги покаже бројноста на доминантните етнички групи во државата, а се занемаруваат сите оние многу поважни резулати кои што треба да ги добиеме од пописот како земја, а тоа е до каде сме економски развиени, кои региони кај нас се поразвиени, кои не се развиени, каде треба да се инвестира, значи за една правилна локација на ресурсите за здраво политичко резонирање нас ни требаат овие бројки, а исто така ние сме дел од едно глобално семејство каде што треба да ги почитуваме тие препораки и каде што треба на статистичкиот оддел на ОН за креирање на глобални политики на меѓународно ниво треба да дадеме податоци за нашата земја.  Под итно треба да се одржи попис и тоа прашање да не се политизира и да не се проблематизира, и затоа е и целта на овие работилници денеска, пред се со новинарите кои што треба да бидат креатори на јавното мнение и кои треба вниманието за пописот да го издигнат на едно друго рамниште, значи да ги артикулираат сите оние други потреби кои што треба да ги задоволиме , а за тоа ни се потребни податоците од пописот, од пребројувањето, изјави  д-р Јасна Бачовска  -Недиќ, редовен професор на Правен факултет при УКИМ.

Денешната работилница со новинарите е дел од серијалот регионални работилници поддржани од Фондот за население на ОН, чиј стратешки партнер во делот на популационите политики е Македонската платформа против сиромаштија.

 „Она што го работиме во последните две години е информирање за пописот како придонес во креирање на поквалитетен живот за сите граѓани ,а не како политички натпревар во докажување на проценти и бројки“, рече претседателката на Македонската платформа против сиромаштија, Билјана Дуковска.

-Нашата цел не е да ги учиме новинарите како да си ја работат работата, туку нашата цел е да им дадеме доволно информации кои што се поврзани со едно квалитетно известување за фазата на подготовка на пописите и пренесување на можностите од употреба на податоците кои што ќе се соберат за време на пописот. Во подготовка е Прирачник за новинари, во кој што ќе бидат ставени најважните алатки, места каде што ќе можат да се информираат за светските текови и трендови и секако регулативата која што е поврзана со пописот и она што значи компаративна можност за споредба со пописите во светски рамки, изјави Билјана Дуковска, претседател на Македонска платформа против сиромаштија.

Бидејќи Државниот завод за статистика најави дека ќе спроведува традиционален попис, односно еден од аспектите на пописот ќе биде попишувач што доаѓа дома, попишувачите  ќе треба да бидат едуцирани во однос на разни прашања, човековите права, почитување на приватноста и слично заради што ќе поминат и одредени обуки , потенцира професорката Бачовска  -Недиќ.

Коментари

коментар(и)