Работилница „Мерки за поддршка и нови перспективи за инклузивен локален економски развој”

„Мерки за поддршка и нови перспективи за инклузивен локален економски развој”  е насловена работилницата која се одржа вчера во Занаетчискиот дом, а на која лидерите од локалната самоуправа и претставниците од водечките програми за поддршка и центри за развој на регионално и национално ниво, се осврнаа на мапираните ресурси, потенцијали и потреби во областа на земјоделието и руралниот развој во општините Куманово и Старо Нагоричане.

Присутните граѓани, засегнати земјоделци, ракотоворци, занаетчии, претставници на здруженија на граѓани и комори, општинските одделенија и институции, ги поздрави претставничката на Министерство за локална самоуправа Бранкица Ристовска.

Претставниците на Граѓански центар Активум и Фондација МИР се осврнаа на мапираните ресурси, потенцијали и потреби во областа на земјоделието, традиционалните занаети и руралниот развој во општините Куманово и Старо Нагоричане, со посебен акцент на жените и младите. Заедно со експертот за локален економски развој Роман Пападимитров ги разгледаа предложени мерки за поддршка во општините Куманово и Старо Нагоричане, по што претставниците на општинските одделенија за локален економски развој Донка Петровка од Куманово и Саша Кузмановиќ од Старо Нагоричане, како и раководителот на Центарот за развој на североисточен плански регион Младен Протиќ дадоа свој осврт на постоечките стратегии за локален и регионален инклузивен економски развој и економско јакнење на локалното население, првенствено на жените и младите во 3-те наведени области, како и точките на соработка меѓу сите засегнати страни.

Во однос на достигнувањата, можностите и потенцијали за развој на женското претприемништво и можностите за економско зајакнување на руралната жена, свое излагање имаше Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво.

Присутните имаа можност и да се запознаат со постоечките финансиски програми и мерки за поддршка на руралниот развој преку излагањата на Филип Нелковски, регионален советник на ГИЗ и Вангел Наневски, преставник на ИПАРД агенцијата.

Работилницата ја ораганизираа Граѓанскиот центар „АктивУм” од Куманово и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување од Скопје, во рамки на проектот „Подобри можности прилагодени на неразвиените области“ кој е финансиран од Европска Унија и ИПА 2 програмата за прекугранична соработка Р.Србија-Р.С. Македонија 2016-2020. Прекугранично, проектот се имплементира и во општините Лебане, Власотинце и Сурдулица, од страна на проектните партнери Национална алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Белград и Здружение на жени Ружа од Лебане.

 

Коментари

коментар(и)