Раководството на Окта во посета на општината

Менаџерскиот тим на рафинеријата Окта денеска беше во работна посета на локалната самоуправа. Со оваа средба се официјализираше меморандумот за соработка меѓу општината и компанијата  како  странски инвеститор. Повод за посетата беше запознавање со првите луѓе на градот , кој пред Нова година доби противпожарно возило донација од Окта  со што територијалната противпожарна единица го зголеми возниот парк.

-Суштината на соработката е бидејќи ние сме единствена голема општина која е во непосредна близина на компанијата која е сместена во општина Петровец меѓутоа капацитетот на нашата противпожарна заштита како најголема општина можеби и дава силна поддршка во оваа соработка од позиција што знаете дека компанијата се бави со лесно запалливи средства  значи обработка на сирова нафта, дестилати, и нивната противпожарна заштита е еден од условите за работа на таа компанија, изјави Зоран Дамјановски, градоначалик на Куманово

Возилото кое што е произведено во 1988 година веќе е ставено во функција и ќе придонесува  за полесно справување при пожарите во Куманово и регионот. Противпожарното возило има носивост 8.000 литри вода, 1.000 литри пенило и 1.000 килограми прашок, односно сув прав за гасење на пожар.

-Натамошнта соработка се состои во тоа што ќе имаме техничка поддршка , едукација на кадри во билатерала, програми и информации за безбедносните противпожарни заштити тоа се сегменти во кои што ќе имаме соработка помеѓу Окта и град Куманово, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Територијалната противпожарна единица Куманово претходно располагаше со осум возила.

 

Коментари

коментар(и)