Ракометарките на гостување кај ЖРК Гевгелија

По минатонеделниот пораз кој го претрпеа ракометарките на Куманово од составот на Вардар, викендов со нови сили ќе се борат на гостување против составот на ЖРК Гевгелија.

По сите превирања и проблеми со кои беше соочен клубот, сепак се изнајдени сили ракометарките на Куманово да продолжат да се борат за што подобар пласман во Супер лигата на Македонија.

Сакам да ја поздравам одлуката на ракометарките на Куманово да продолжат да играат во оваа сезона, а штос е однесува до натпреварот со ЖРК Гевгелија и покрај тоа што нема да настапува првиот голман Ивана Дичковиќ, очекувам победа изразена со повеќе голови разлика . Проблемите не се надминати, но јас лично им ветив на ракометарките на последниот состанок кој што го имавме во понеделникот дека следува период поточно веќе од наредната сезона дека во нашата општина повеќе ќе се ценат локалните спортисти и спортистки и ќе добиваат повеќе на вредност, бидејќи моментално тие како да се девалвирани во оваа сезона – изјави Филип Додевски, член на Управата на ЖРК Куманово.

Ракометарките и покрај одличните постигнувања кои ги имаат и високото трето место во табелата од домашната лига, како и овогодинешното учество во ЕХФ Челинџ Купот, како и вклучувањето на Александра Боризовска во репрезентацијата, сепак сметаат дека се дискриминирани од страна на општината која за целата сезона им има излезено во пресрет со нешто над четири илјади евра финансиска помош.

Сепак и покрај тоа ракометарките веруваат дека ќе се подигне свеста кај бизнис заедницата да го поддржат локалниот ракометен спорт.

Коментари

коментар(и)