Ракометарките утре го играат последниот натпревар оваа година

Ракометарките на Куманово утре го играат последниот натпревар оваа календарска година, а за противник на гостински терен ќе го имаат составот на Пелистер. Поранешниот шампион на Македонија предводен од Драгана Ристова бележи одлична игра сезонава и со десет победи од 13 одиграни натпревари е на третото место во табелата. Со една победа плус за нијанса подобри се само составите на Чаир и Вардар. Од друга страна Пелистер годинава има за нијанса послаби резултати од Куманово, со осум победи од досегашните натпревари. Последниот меч за 2023 година кумановки го играат утре во Битола со почеток од 18 часот.

Коментари

коментар(и)