Ракометарките-шампиони на прием во општината

За ракометарките од основното училиште „Браќа Миладиновци“  кои станаа државни прваци за 2016-та година денеска се организираше прием кај градоначалникот Зоран Дамјановски. Пионерките во придружба на својот професор Милорад Јордановски ги споделија своите впечатоци и искуства од државното првенство со првиот човек на Куманово, кој им се заблагодари што уште еднаш докажале дека Куманово е спортски град.

-Мислам дека треба да продолжите да тренирате ракомет бидејќи покажувате одлични резултати, а ние како локална самоуправа ќе се трудиме да ги помагаме спортските дисциплини. Женскиот ракомет има традиција во Куманово, а токму вие со вашиот успех тоа го докажувате, изјави Зоран Дамјановски, градоначалникoт на Куманово.

Ракометарките мораа да победат на 17 натпревари вклучувајќи ги општинските, зонските и меѓузонските за да се закитат со овој медал.Иако  се надевавме на победа, сепак не бевме сигурни , вели професорот по физичко образование во основното училиште„  Браќа Миладиновци“Милорад Јордановски.

-Поминавме низ голем број на квалификации, пред се тука беа осумте најдобри екипи од Куманово, одевме на некои зонски натпревари, натпревари на ниво на североисточниот регион, па дури тогаш кој ќе победеше ќе одеше на државно првенство. Поминавме 17 натпревари и 17 победи за ова државно првенство , навистина можам да кажам дека и ученичките се надминаа самите себе на самите натпревари дадоа свој максимум, не се штедеа и во продолжетоците, но нивната желба и вилја за победа беше главниот мотив за победата, изјави Милорад  Јордановски, професор по физичко образование

Ракометарките денеска се потсетија на неколку  интересни моменти од играта по која што ќе го паметат овој турнир. Најдобрите пионерки  посочија  за најдраматичните моменти кога се решавале натпреварите, а дел од ракометарките зборуваа  за квалитетот  на противниците.

-Првиот ден ни  се паднаа екипи кои беа полесни за совладување, наредниот ден имавме една од најтешките натпревари со екипата од Струга која  ја победивме на продолжетоци со еден разлика , последниот ден игравме со Скопје уште на почетокот ги поведовме со 5 разлика, за ракометот е битна целата екипа, но понекогаш се истакнува некој играч, во овој случај бев јас, Јована Кипријановска, 9 –то одделение во  „Браќа Миладиновци“

-Јас сум многу задоволна уште од почетокот знаев дека ќе стигнеме до државното, нашиот тим беше подготвен за секаков натпревар, ракомет играв како рекреација, во академија тренирам кошарка,имам добиено многу признанија како најдобар играч, во ракомет се прилагодив бидејќи е полесна спортска дисциплина,Наталија Гаревска 9-то  одделение во „Браќа Миладиновци“

Успехот на ракометарките од основното училиште „Браќа Миладиновци“ е голема надеж за кумановскиот женски ракомет поради тоа што овие ученички наскоро би можеле да играат и за сениорските тимови.

 

Коментари

коментар(и)