На посетата на Куманово од премиерот Никола Груевски денеска реагираше општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз. Според портпаролот Сашо Тодоровски,премиерот наместо да се фали со нови прозорци во основното училиште Браќа Миладиновци , треба да каже колку средства во последните 10 година има дадено за Општина Куманово. На Куманово не му е потребен популизмот и инаетот на Груевски. На Куманово му се потребни реални инвестиции кои ќе ги подобрат условите за живот и ќе ги задржат младите да останат во градот, рече Тодоровски.
-Зошто власта не дава пари за нови градинки во Куманово, каде што бројот на децата во градинките е трипати повеќе од нивниот капацитет;
-Зошто им го одземавте Пионерскиот дом на дечињата?
-Зошто не се реновира Домот на АРМ туку е оставен да биде руина?
-Зошто водоснабдувањето беше нормализирано само додека беше премиерот во градот, беа дел од прашањата кои на пресконференцијата портпаролот Тодоровски ги посочи како проблеми за чие решавање е надлежна власта, а не презела ништо.