Регионална работилница за спречување насилен екстремизам

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на отворањето на тридневната Регионална работилница, организирана од страна на Мрежата на силни градови во Западен Балкан, на која имаше свое обраќање.

На настанот присуствуваа Градоначалници и претставници на различни институции во Република Северна Македонија и Албанија, претставници од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам, како и од невладините организации.

Главна цел на работилницата е размената на искуства и добри практики на градовите-членки на Мрежата, во поглед на спречување на насилниот екстремизам, проценка на локалниот ризик, како и планирање на идни активности во насока на спречување на насилен екстремизам.

Коментари

коментар(и)