Резултатите од пописот ќе се знаат кон крајот на март

Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски информира дека резултатите од пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот за Нова ТВ.

Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март, што е најкус рок што ДЗС го имале за обработка на пописни податоци.

Тој информираше дека во статистичката операција бил ангажиран и меѓународен експерт од страна на Европската комисија. Експертот бил присутен во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот, а учествува и во обработка на податоците заедно со тимот на ДЗС.

 

Коментари

коментар(и)