Реставрирана црквата “Свети Ѓорѓи Победоносец“

Заврши непосредната заштита, конзервација и реставрација на архитектурата на црквата Свети Ѓорѓи Победоносец во кумановско Младо Нагоричане. Стручните екипи на Националниот конзерваторски центар со поддршка на министерството за култура изминатиот период интензивно работеа на заштитата на овој значаен споменик на културата од 16 век со цел да се врати во првобитната положба.

-Денеска се создадени основни предуслови за негово финализирање на тој начин што е извршена целосна конструктивна консолидација со зајакнување почнувајќи од почва, покрив е се останато, така што е доведена во состојба да претставува еден пример, изјави проф.д-р Предраг Гавриловиќ од НКЦ

-Црквата навистина беше во многу лоша состојба,особено кровот прокиснуваше, водата која што навлегнувала на венците на камните блокови од горе замрзнувала,  го раздробувала каменот , водата после длабоко навлегнала и во садовите на внатрешната просторија на црквата, внатре висеа камени блокови и беше многу опасно за движење и да се влегува внатре, значи со враќање на камените блокови внатре во црквата на своите лежишта се обезбеди движење во црквата, инаку е работено на препокривање со нови ќерамиди, поставување на лимени  опшивки за да се заштити  водата, повторно да не ги најадува и нагризува убавите блокови, работена е дренажата на северната страна на црквата , потпорниот ѕид,  платото и конзервација на масивните дрвени оригинални врати , Изјави Ѓурѓица Лековска, НКЦ

За целосната конзервација и реставрација на архитектурата на монументалната црква, министерството за култура издвои 6 милиони денари. Надлежните сметаат дека оваа црква ќе биде особена значајна за туристичка промоција на регионот, но и за промоција на древното културно наследство  што го поседува државата.

-Нешто што е многу значајно е продолжување во втората фаза,  а тоа е конзервација на фрескоживописот. Овој проект влегува во годишната програма на Националниот конзерваторски центар за оваа година и се планира  фрескоживописот на црквата се заврши до крајот на годината, изјави Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура

Досега се реализирани над 700 проекти од непосредна заштита на културното наследство, посочуваат надлежните,  47 проекти за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура, како и голем број  археолошките истражувања на  околу 60 локалитети во државава, каде што се пронајдени  околу 800.000 вредни артефакти кои ја прикажуваат археолошката панорама на нашето минато.

Коментари

коментар(и)