„Рома труба фест“ утревечер на градскиот плоштад

На градскиот плоштад утревечер ќе се одржи 19-то издание на фестивалот „Рома труба фест “ во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“. Ќе настапат повеќе дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија, а специјален гост на вечерта ќе биде српската поп пејачка Анабела.

Фестивалот кој ќе започне во 19 часот и 30 минути ќе биде ревијален.

„Рома труба фест “ се одржува под покровителство на министерството за култура и општина Куманово.

Коментари

коментар(и)