Роса школо за родителство во Куманово

Кумановската Општа болница ги повикува сите заинтересирани бремени жени од нашата општина да се приклучат и преку интерактивни предавања да се запознаат со чинот раѓање, но и да се обучат со почетни и примарни родителски вештини.

Предавањата ќе ги реализира специјално едуциран тим од лекари гинеколози, акушерки, психолог и физиотерапевт.

Подетални информации заинтересираните можат да најдат на фејсбук страницата „Роса школо за родителство Куманово“.

Коментари

коментар(и)