Ротаракт клуб Куманово со хуманитарна забава

Ротаракт клуб Куманово денеска организираше хуманитарна забава во соработка со дневниот центар за лица со посебни потреби и основните училишта „Христијан Карпош“, „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“. Петгодишната соработка меѓу нив се темели на многубројни заеднички хуманитарни активности.

-Претходно во пролет секоја година, веќе пет години по ред правиме украсување на велигденски јајца од страна на дневниот центар, а украсите обично ги прават децата од основните училишта, потоа ги продаваме на плоштадот. Дел од средставата соберени од таа акција ги донираме за потребите на дневниот центар, а исто така и денешнава забава е еден вид награда за добро сработена работа на децата од дневен центар и од училишата. Тука е и Тајзи кој што дојде да помогне и да учествува во овој настан, голема благодарност до него. Гледам децата одлично се забавуваат, изјави Филип Станковски, претседател на Ротаракт клуб Куманово

Хуманитарна акција пред почетокот на учебната година, Ротаракт клуб организираше за учениците од основното училиште во село Орашац. Шеесетина основци благодарение на клубот добија бесплатни ранци и училишен прибор.

-Планираме пред Нова година да донираме новогодишни пакетчиња како и секоја година, минатата година беше училиштето во Драгоманце. Традиционално пред Нова година правиме акција обично во Тинекс или во некој од поголемите маркети, за донирање прехранбени производи, а тие производи одат за лицата на кои што им е потребно, обично добиваме список од Центарот за социјални работи и донираме на ранливите категории, изјави Станковски.

Ротаракт клуб Куманово е формиран пред пет години, а летово заедно со Ротари клуб успеа да реализира и еден поголем проект , детско инклузивно игралиште на градскиот кеј.  

Коментари

коментар(и)