Салиевски: Време е за правилна одлука

„Не сакаме да останаме заглавени во неизвесност, ризик и изолација. Време е правилно да одлучиме. На 30-ти септември да излеземе и да гласаме за Европско Куманово и Европска Македонија“, повика денеска советникот Самет Салиевски. Тој посочи дека со приближувањето кон ЕУ ќе расте и поддршката за социјална заштита.

-Европската социјална програма ги гарантира социјалните и економските човекови права. Европската унија вложува во унапредување на социјалните права и напорите да бидат рамноправно уживани од сите граѓани. Со влезот во ЕУ ќе се воведат реформи на системот на социјалната заштита. Унапредување на социјалните услуги на граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата, социјалните случаи. Спречување на маргинализацијата од секој вид, значително унапредување на правата и заштитата на работниците и поголема инволвираност во сите овие прашања од социјалните партнери и граѓанското општество-нагласи тој.

Салиевски нагласи дека поради сите овие причини Ромите одбрале да одат напред, кон подобра иднина со членството во НАТО и ЕУ.

 

Коментари

коментар(и)