Сали: Нема потреба да се продолжи скринингот кај учениците

Министерот за здравство Беким Сали смета дека согласно резултатите, нема потреба да се продолжи скринингот кај учениците, бидејќи процентот на инфицирани ученици е многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран.

– Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот. Секојдневно ги следиме бројките, така што сметаме дека сме во фаза на смирување на четвртиот бран, изјави Сали по одбележувањето на Денот на ретки болести.

Коментари

коментар(и)