„Самоуки 2022“ утревечер во центарот за култура

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2022“.

На изложбата ќе бидат претставени околу 50-тина дела во форма на слики, цртежи и скулптури. Проектот е поддржан од страна на Министерство за култура на РС Македонија.

Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво коешто претставува едно локално богатство и заслужува да биде споделено со ликовната публика.

Оваа година за изложбата „Самоуки 2022“ беа пријавени околу 40-тина автори, а комисијата за изложбата избра 32 автори .

Изложбата ќе биде поставена до 30 јуни .

Коментари

коментар(и)