Санкционирани 22 возачи на подрачјето на СВР Куманово

СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Вчера на подрачјето СВР Куманово изречени се вкупно 22 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции и 6 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коментари

коментар(и)