Санкционирани 25 возачи на ниво на СВР Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово вчера спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 25 возачи.

Засилените  сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Коментари

коментар(и)