Сашо Петрушевски во ЈП Куманово паркинг

Сашо Петрушевски ќе биде поставен за нов директор на ЈП Куманово паркинг, дознава од свои извори ТВ Плус.
Петрушевски до 2018 година управуваше со ЈП Чистота и зеленило, а беше и претседател на Општинскиот сојуз на спортиви. По 2018 година беше вработен во Службен весник. На локалните избори во 2021 година беше дел од изборниот штаб на Максим Димитриевски. Инаку Петрушевски во Куманово паркинг ќе го замени Фадиљ Шабани, кој е од редовите на ДУИ. Претходниве денови беа променети директори на две јавни претпријатија. Во ЈП Чистота и Зеленило се врати Даниел Стојчевски, а со Куманово план ќе управува Иван Николовски.

Коментари

коментар(и)