Сајкоски: Угостителите ќе добијат поддршка

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски денеска заедно со носителката на советничката листа во Куманово, Елена Доцевска Божиновска, пратеникот Бране Петрушевски и други активисти и членови на партијата, се сретна со претставниците на Здружението на угостители Бисер, при што им вети поддршка во наредните четири години.

-Денеска сме во посета на Куманово се сретнавме со поголем број граѓани и сега имаме состанок со Здружението на угостители Бисер кои се најпогодени од минатогодишната здравствена криза и разговаравме за она што може да биде решение и идни развојни политики и на Куманово, меѓутоа и на тие што се директно засегнати угостителите во општина Куманово. Ние дадовме гаранција дека во следниот период и угостителите и стопанствениците и граѓаните на општина Куманово ќе бидат директно вклучени во работата на општина Куманово и со поддршка на идниот градоначалник на општина Куманово, Тони Михајловски и со носителот на листата и иден претседавач на кумановскиот совет, Елена Доцевска Божиновска, веруваме дека ќе подобриме многу работи за Куманово, и ќе го направиме она што изминатите 30 години не беше направено. Јас како генерален секретар гарантирам дека она што е внесено во програмата за идна работа на општина Куманово ќе биде реализирано од идните наши власти и тоа што дополнително ќе го заклучиме и со секторот угостителство, меѓутоа и со другите сектори што се во Куманово ќе биде дополнително вклопено во идната програма на градоначалникот и на Советот на општината и ќе биде со 100 процентна реализација-истакна Сајкоски.

 

Коментари

коментар(и)