Свечена приредба во ОУ „Карпош“ во Љубодраг, за празникот но и за реконструкцијата

По повод големиот христијански празник Велигден, како и за отворањето на реконструираното подрачно училиште „Карпош“ во село Љубодраг, учениците од истоименото училиште, заедно со нивните наставници подготвија свечена приредба.

Тие се претставија со повеќе ритмички точки, рецитации и драматизации поврзани со претстојниот празник.

Приредбата беше збогатена и со изведба на училишниот хор и оркестар.

Од училиштето информираат дека се одржала и велигденска изложба на рачни изработки од учениците.

Коментари

коментар(и)