Свечена седница на Сојузот на борци

Борци од народноослободителната борба, претставници од армијата, локалната самоуправа, јавни установи и ученици, денеска присуствуваа на свечената седница, која што ја организираше Сојузот на борци од Куманово, по повод претстојниот празник 11-ти октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот.  Пред присутните се обрати секретарот на општинскиот одбор на Сојуз на борци, Благе Јакимовски кој зборуваше за значењето на востанието кое што е кренато против фашистичката окупација.

 -Ние никогаш нема да заборавиме ниту Карпошовото востание ниту Илинденското, Разловачкото меѓутоа и покрај тоа што и тие давале свои жртви, страдања, сепак не пронашле одредени сојузници и не биле во таква можност за да обезбедат национално, социјално ослободување на македонскиот народ и формирање на сопствена држава. Тоа го има направено востанието од 11 ти октомври-наведе тој.

Борците истакнаа дека нивните два одреди Карадачкиот и Козјачкиот биле разбиени, поради недоволно искуство и слабо вооружување.

-Иако нашите два одреди 41 година беа разбиени, тоа не значеше дека со нивно разбивање е загушен и опстанокот во Македонија. Напротив тие апетити станаа остварливи за нив, напротив нашите другари кои преживеаа и продолжија интензивно да работат во прибирање на податоци, оружје и подготвување млади луѓе и постари за отпочнување борба против окупаторот и домашните предавници. Иако мислеа дека е згаснат моралот и борбеност кај луѓето тоа не се оствари-наведе Спирко Зафировски, борец од НОБ.

Борците и на оваа годишница не пропуштија да потсетат дека спомениците од НОБ се наоѓаат во кастрофална состојба, бидејќи никој не се грижи за нивно одржување. Свечената седница по повод 11-ти октомври секоја година ја организира локалната самоуправа, но ниту градоначалникот, претседателот на Советот ниту советниците ги удостоија со своето присуство.

Коментари

коментар(и)