СВР: Двајца мигранти предадени во Транзитен центар

СВР Куманово информира дека вчеравечер во 20.00 часот, полициски службеници лишиле од слобода  47-годишен кумановец бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициската станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, вчера попладне околу 17 часот, полициски службеници од СВР Куманово, по претходно пријавена поплака за семејни проблеми во куќа на 53- годишен жител на Ваксинце, излегле на местото и при контрола во куќата, затекнале двајца мигранти на возраст од 36 и 39 години, државјани на Пакистан. Мигрантите биле предадени во Транзитен центар до нивното  сослушување. Против сопственикот на куќата ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Коментари

коментар(и)