СВР Куманово: Да се внимава при посета на шуми

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни при движење во полето или шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња.

Да се воздржат од палење огнови, кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета. Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни-велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)