СВР Куманово за викендов изрече 96 мерки за несовесни возачи

Во текот на изминатиот викенд, СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето  СВР  Куманово изречени се вкупно  96  мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции и 24  санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)