СДММ: УМС на ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за иселувањето на младите

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ напаѓајќи го градоначалникот Зоран Дамјановски и локалната самоуправа, се обидува да го сокрие ислекувањето на младите, кое што е најгорчлив проблем на Република Македонија, истакна Мартин Захариев, портпарол на СДММ. Тој праша зошто подмладокот на политичката партија која што е на власт, не креирала политика за да го спречи овој проблем.

-Масовен одлив на младата популација во прекуокеанските и развиените европски земји, поради непремостливите проблеми со невработеноста и преголемата инволвираност на политиката на пазарот на трудот. Бројките зборуваат дека 447.000 лица ја напуштиле Македонија, односно 25 проценти од вкупното население. Во нашата општина посебно се чувствува процесот на миграција на младите луѓе, затоа што нашата влада наместо капитални инвестиции и проекти кои се од важност за сите граѓани, соочени сме со блокади и опструкции-наведе тој.

Според него обвинувањата од УМС на ВМРО-ДПМНЕ на сметка на локалната самоуправа дека не се грижи за одржување на јавните површини, се неосновани.

-Иако нашата општина целосно е заборавена од централната власт, во последните 5 години најмалку 5 пати е чистено речното корито од страна на ЈП Чистота и Зеленило и ЈП Водовод. Започнува и нова акција на истите претпријатија за повторно чистење на речното корито. Градскиот и Соколанскиот парк редовно се одржуваат, најавено е поставување на нови трим патеки.

Захариев потенцираше дека владеачката партија до сега нема дадено ниту денар за Куманово.

Коментари

коментар(и)