(ВИДЕО) СДСМ: Владата успешно се справува со економските предизвици

-Периодот кој е зад нас и во периодот кој доаѓа Владата предводена од СДСМ успешно се справува со економските предизвици кои се клучни за животот на граѓаните.

Економските мерки кои се спроведоа допринесоа до раст на платите и растот на извозот.

Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај забележуваме раст на извозот од 58,2 проценти споредено со истиот период во 2020 година.

Паралелно бележиме и раст на индустриското производство, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Денес можеме да потврдиме дека имаме историска стапка на невработеност од 16 проценти, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани.

СДСМ заедно со коалициските партнери во Владата продолжува и во следниот период да работи одговорно и посветено се со цел да ја подобриме севкупната економска состојба во државата, рече Јасмина Георгиевска, претседателка на Форум на жени Куманово.

Коментари

коментар(и)