(ВИДЕО) СДСМ: Две нови градинки во Перо Чичо и Тоде Мендол

Изградба на две нови детски градинки во населбите Перо Чичо и Тоде Мендол од општински средства предвидува програмата „Најдоброто за Куманово“ на СДСМ и коалицијата во пресрет на локалните избори. Марина Митковска, кандидат  за советник во Советот на општината посочува дека Куманово е просперитетен град во кој има многу повеќе деца отколку што има места во градинките, а проблемот со запишувањето во градинка, ќе се решава преку изградба на нови објекти по европски стандарди.

-Често можеме да слушнеме дека во нашите градинки нема доволен број на места за згрижување на сите деца и дека се потребни ургенции за запишување на дете во градинка. Ова претставува позитивен проблем затоа што покажува дека Куманово е просперитетен град во кој има многу повеќе деца отколку што има места во градинките, што пак наведува дека Куманово и во иднина како град ќе расте и ќе се развива и се повеќе ќе станува град на млади. Но, сепак, овој проблем на родителите им создава сериозни проблеми, поради што, во нашата програма „Најдоброто за Куманово“ во наредниот четири годишен период, од општински средства, а по детално спроведени истражувања за тоа каде има најголема потреба од градинки, предвидуваме изградба на две нови детски градинки во населбите Перо Чичо и Тоде Мендол, со што на нашите најмали сограѓани ќе им обезбедиме правилен раст и развој со изградба на современи објекти на детски градинки согласно највисоките европски стандарди, изградени со енергетски ефикасни и еколошки прифатливи материјали. Нашата цел е за четири години целосно да го решиме проблемот со недостиг на места во градинките и на најмалите да им обезбедиме соодветни услови за згрижување и социјализација, рече Марина Митковска, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата

Митковска ги повика граѓаните да дадат поддршка на програмата на СДСМ  и коалицијата за европско Куманово.

 

Коментари

коментар(и)