СДСМ: Куманово целосно заборавено од власта

Додека локалната власт се обидува на секаков начин да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, исклучиво со сопствени средства, Куманово целосно е заборавено од централната власт на Никола Груевски, рече на денешната пресконференција Сашо Тодоровски, портпарол на Социјалдемократскиот сојуз.

-Дополнителен доказ за тоа се низата нереализирани проекти коишто ВМРО-ДПМНЕ ги вети на граѓаните, како на пример, реконструкција на автопатската делница Куманово-Миладиновци, експресен пат Куманово Деве Баир, реконструкција на далноводот Скопје -Куманово, спортска сала во основно училиште во Куманово, санација и реконструкција на пречистителна станица , 68 станови за социјално загрозени лица и уште многу други ветувања, ниту едно од овие ветувања на ВМРО-ДПМНЕ не е реализирано, изјави Сашо Тодоровски, портпарол на ОО СДСМ, Куманово

На прашањето, дали локалната власт досега ги остварила сите ветувања во однос на проектите, Тодоровски одговори,

-Има некои недостатоци кои не се реализирани но со оглед на потешкотиите во кои работи и се наоѓа локалната власт ги реализира проектите, се надеваме дека во иднина ќе се реализираат дополнително проектите кои што се ветени на граѓаните

-Добро меѓутоа ја чекаме годината кога ќе дојде, тој ветува,  меѓутоа исполнувањата  ги нема никаде

Според СДСМ,  маргинализирањето на втората по големина општина во Македонија е на штета на граѓаните на Куманово. „Очигледно е она што граѓаните многу добро го знаат, за власта на Никола Груевски иднината на град куманово воопшто не е важна. По изборите во април 2016 година работите ќе се сменат и нема да има заборавени, бојкотирани општини. Новата власт предводена од СДСМ ќе ги брани интересите на сите граѓани на РМ“,  потенцираше Тодоровски

Коментари

коментар(и)