(ВИДЕО) СДСМ: Од први октомври годинава недела – неработен ден

„Од први октомври годинава недела станува ден на неделен одмор и со тоа правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда и ја продолжуваме грижата и поддршката за работниците како приоритет на Владата“, рече на денешната прес-конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на општинската организација на СДСМ. Според неа, во фокусот на нивното внимание е значењето на рамнотежата помеѓу професионалното и приватното, како неопходен елемент во животот на работникот.

-Измените во Законот за работни односи налагаат и измени и дополнување на Законот за трговија, со цел  создавање законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор, во недела и на празници и се елиминираат можните злоупотреби во однос обезбедување на користењето на ова право.

Притоа како и во Законот за работни односи, така и во Законот за трговија се определува неделата како неработен ден за сите, освен за одделни исклучоци за кои ќе биде дозволено работењето во недела и на празници. Вработените во секторите кај кои не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес, ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50% од редовната и слободен ден во наредните седум дена. Со Предлог-законот за трговија, предвиден е додаток на плата за работа во недела и на празници, кој работодавачот (трговец) ќе треба да им го исплаќа на вработените и да изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа, изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово

„За трговските субјекти кои ќе работат во недела и на празници се утврдува надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, средства кои ќе се инвестираат во нови детски градинки согласно закон“, рече Пешиќ Бошковска.

 

Коментари

коментар(и)