СДСМ се уште не го објави кандидатот за градоначалник

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се уште не го објави кандидатот за градоначалник на Куманово.

Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски откако не ја доби поддршката од својата партија, одлучи на изборите да настапи како независен кандидат, за што веќе и собра потписи.

Кандидатура до СДСМ освен него претходно поднесоа актуелниот пратеник и претседател на локалниот огранок на партијата Мартин Костовски, секретарот на општинската организација и директор на АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски, како и актуелната претседателка на Советот Атина Мургашанска.

ВМРО-ДПМНЕ уште пред една седмица соопшти дека на овие локални избори ќе настапи со актерот Тони Михајловски. Тој веќе започна и средби со граѓани.

До државната комисија во Куманово потписи за независните советнички листи доставија Фронт и За чисто и хумано Куманово.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 17 октомври.

 

Коментари

коментар(и)