(ВИДЕО) СДСМ: Со програмата на Илиевски, до европско и модерно Куманово

Кандидатот за градоначалник, Оливер Илиевски заедно со потпретседетелот на СДСМ, Оливер Спасовски најавија повеќе проекти за Куманово. Реконструкција на Соколана, Спомен Костурница, спортската сала, Мој еколог се само дел од предвидените проекти во програмата.

Акцент ќе се стави на зелената агенда, двојно повеќе зеленило за секој нов квадрат бетон, гасификација, продолжување на булеварот Октомвриска револуција и негово поврзување со автопатот е -75, најави Илиевски.

-Само од буџетот на општината предвидуваме околу 60 милиони денари годишно, односно околу еден милион евра на годишно ниво за изградба на нови и реконструкција и проширување на постојните сообраќајници, со што ќе ја зголемиме безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе го подобриме сообраќајниот крвоток на градот. Во однос на младинските политики, планираме изградба на мултифункционални игралишта како поддршка на младите за рекреација и спортување, детски катчиња низ целата општина како и на авангарден детски парк. Со новооформениот фестивал Кумановско културно лето, особено кај младите ќе го поттикнеме интересот за уметноста-нагласи тој.

Илиевски најави и инвестиции во образованието, изградба на две нови градинки во населбите Тоде Мендол и Перо Чичо, како и целосна реконструкција на 11 основни и средни училишта.

Спасовски истакна дека Оливер Илиевски е единствениот кандидат социјалдемократ и дека е најдобриот избор за Куманово. Тој презентираше и дел од проектите кои Владата на СДСМ ги има имплементирано во Куманово последниве години.

-120 милиони евра се вложени во Куманово и околината од Владата и институциите, од централно ниво. 120 милиони евра со кои ги бришевме раните и трагите кои ги остави режимот и уште не можеме да ги залечиме. Рехабилитиравме над 85 километри локални и регионални патишта. Направивме три училишни спортски сали, едната за економското училиште, втората е во училиштето во Черкезе и третата сала е за техничкото училиште. Градиме фекална канализација во село Тромеѓе, ги заменивме водомерите во Куманово, го градиме рекреативниот центар Студена вода, изградивме фекална канализација во село Речица- наброи дел од проектите Спасовски.

Нагласи дека Илиевски има програма со проекти и решенија за целосен развој на Куманово какво што треба да биде европски, модерен, урбан град, град на соживотот.

Коментари

коментар(и)