СДСМ утревечер ќе ги промовира кандидатите

Во Центарот за култура Трајко Прокопиев утревечер со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи промоција на кандидатите за пратеници во изборна единица 2 на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Најавувајќи ја промоцијата, Максим Димитриевски истакна дека се надева на коректна изборна кампања.

-Имаме план за живот во Република Македонија, денеска од Куманово ги повикувам сите сограѓани утре да не посетат на промоцијата на кандидати за пратеници која ќе се одржи во Центарот за култура со почеток во 19:30 часот. Опозицијата на чело со СДСМ ќе ги промовира своите кандидати за пратеници во изборна единица 2. Почитувани граѓани на сите политички партии им посакуваме успех и коректна изборна кампања, воедно на Вас граѓаните Ви гарантираме повисоки плати ќе се обидеме да ги подржиме домашните фирми, парите ќе ги насочиме кон граѓаните и институциите ќе работат во служба на граѓаните. Ќе има контрола на власта од страна на граѓаните, ќе обезбедиме правда за сите-истакна Димитриевски.

Коментари

коментар(и)