Седницата доцнеше, советниците со прашање за причината? (ВИДЕО)

Денешната седница на Советот на Општина Куманово започна со доцнење од час и половина, па по само 10 минути се замина на пауза без воопшто да се усвои и дневниот ред.

Реакција за доцнењето имаше координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски, кој вели дека е културно некој да ги известил советниците дека седницата ќе доцни толку долго.

Причината за доцнењето, како што појасни претседателката на Советот Атина Мургашанска било нејзино интервју за германски медиум, а дека координаторите на советничките групи биле известени за доцнењето.

По само 10 минути дебата околу утврдување на дневниот ред, на барање на советникот Драган Петковски, се замина на пауза од половина час.

Коментари

коментар(и)