Седница на Советот на Општина Куманово

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи дваесет и петттата седница. На дневен ред ќе се најдат извештаи за работа на јавните претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Куманово гас“.

На дневен ред ќе се најде предлог решение за изменување на ценовникот за користење на услугите на градската библиотека „Тане Георгиевски“, предлог годишен план за вработување во 2024 година на домот за стари лица „Зафир Сајто“, извештај за реализација на програмата за развој на спортот и рекреативните активности за 2022 година, предлог програма за изменување и дополнување на програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година, како и стратегијата за социјална инклузија на Ромите за период 2023-2030 година.

Советниците ќе ја разгледаат и предлог програмата за решавање на проблемот со бездомни кучиња на подрачјето на Општина Куманово за период 2023-2025 година.

Седницата која ќе започне во 10 часот, ќе можете да ја следите во живо на ТВ Плус.

Коментари

коментар(и)