Седумдесет и деветмина кумановци евидентирани без маски

По однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 122 лица не ја почитувалe. Од вкупниот број, 79-мина без заштитна маска се евидентирани на ниво на Куманово , 29 граѓани на Крива Паланка и 14-мина жители на Кратово. За евидентираните ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период,  четири лица  не ја почитувале  забраната за движење, информираат надлежните од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Коментари

коментар(и)