Се асфалтира пат во Четирце

Во рамките на проект од регионален рамномерен развој, општина Куманово отпочна со асфалтирање на пат во должина од 1380 метри во селото Четирце. Вкупниот проект се однесува на патна инфраструктура  во должина од три километри, на територијата на две општини Куманово и Старо Нагоричане. Со реализација на овој проект со асфалтен пат ќе бидат поврзани коридорите 8 и 10 .

-На овој начин создаваме комунација меѓу две или три општини во регионот , проект кој има витално значење во развојот на земјоделствто, туризмот, природните богатства на севевероисточниот плански регион. Проектот е во должина од 3 километри , меѓутоа нашиот дел што е под опфат на кумановска општина е 1380 метри , 6800 метри квадратни асфалтна површина, така што се работи и во населен дел каде имаме регулирање на тротоарска инфраструктура . Но , имаме проблем со соседната општина Старо Нагоричане, нема расчистено имотно правни односи во нивниот дел , така што 1200 метри од тој дел што не е расчистен не можат да бидат имплементирани, иако  целосно е распишан тендерот и  средставата се обезбедени , изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Вкупната инвестиција чини 8 ипол милиони денари, но се уште неизевсно е дали и кога ќе биде асфалтиран останатиот дел од патот кој што се наоѓа на територијата на Старо Нагоричане. Дамјановски вели дека како претседетал на североисточниот регион ќе се залага побрзо да се реши проблемот. Инаку, делот кој што веќе се асфалтира се планира да биде целосно да биде завршен во наредните два дена.

Коментари

коментар(и)