Се враќа во функција железницата кај Романовце (ВИДЕО)

Од денеска е во функција  делницата на македонски железници во Романовце, дел од коридорот 10. Екипи на Македонски Железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура изминативе денови активно работеа на терен, на отстранување на 12-те вагони кои беа превртени, а беше општетена и пругата во должина од 250 метри. Делот сега е саниран, поставени се нови прагови и шини.

Првиот човек на јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Хари Локвенец вели дека Комисијата за вонредни услови треба да го достави извештајот за причините за несреќата, која се случи, минатата среда.

-Имавме состојба во која пругата ја нема во должина од 250 метри, вработените од Македонски Железници Инфраструктура и покрај празникот со огромен ангажман на колегите муслимани на сите покажавме дека и во вакви вонредни услови со максимална посветеност на вработените можеме да направиме подвиг и да покажеме одговорност и кон компанијата и кон државата -изјави Локвенец.

Поддршка во санацијата на штетата и повторно ставање во функција на оваа делница од коридорот 10, даде и Министерството за транспорт и врски.

 

Коментари

коментар(и)