Се гради просторот за целодневен престој на ученици со попреченост

Во тек се градежните активности за изградба на објект за целодневен престој за ученици со попреченост, кои се дел од образованието при основото училиште Браќа Миладиновци, лоцирано на улицата Тане Георгиевски. Увид во работите денеска извршија надлежните од училиштето, Министерството за труд и социјална политика, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Максим Димитриевски.

-Проектот е некаде околу 55.000 евра и изградбата е планирано да заврши до 11-ти ноември, на Денот на градот. Се надеваме дека корисниците кои ќе ги користат услугите на овој целодневен престој ќе бидат задоволни од начинот на кој и како функционира.  Сега за почеток претстпоставувам некоја мала група до 10 до 15 ученици додека не бидат информирани родителите дека постои ваков центар полесно и групите ќе се згоелмуваат. Се работи за доградба околу 150 метри квадратни е просторот и претпоставувам дека ќе биде заокружен со една целина, трпезарија, кујна, спална, училници за занимација, тоалети се она што е потребно за целодневен престој-истакна директорката на ОУ Браќа Миладиновци, Марина Манојловска.

Проектот кој го изработи основното училишта „Браќа Миладиновци“ е одобрен од Министерството за труд и социјална политика Согласно договорот со изведувачот се очекува изградбата да заврши до 11 ноември, Денот на ослободување на Куманово. Целодневниот престој наменет за ученици со попреченост е прв од ваков вид кој ќе се изгради во Куманово и ќе функционира по принципот на целодневен престој во градинките. Родителите на децата со попреченост ќе имаат можност да ги остават згрижени своите деца и да бараат работа, а со тоа и да ја подобрат финансиската состојба во семејните буџети.

Коментари

коментар(и)