Се запалило возило во Никуштак

Во полициско одделение Матејче било пријавено дека во село Никуштак, Општина Липково настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ без регистарски ознаки, информира кумановската полиција. Екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)