Се намалуваат цените на нафтените деривати од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 % во однос на Одлуката од 16 -ти август годинава.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.

Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ .

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.

Од ноќеска, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС -98 72,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ 61,50 (денари/литар)
Масло за горење – Екстра лесно 1 61,00 (денари/литар)
Мазут М-1 35,930 (денари/килограм).

Коментари

коментар(и)